„Новото време, мојот факултет и јас“ – вебинар во организација на студентите на ФТБЛ

На 29.10.2021 година на платформата Microsoft Teams се одржа Првиот меѓународен вебинар на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип на тема „Новото време, мојот факултет и јас" (индустриска револуција) во организација на Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев" – Штип.

Вебинарот го отвори проректорот за настава и студенти при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип, проф. д-р Мишко Џидров потенцирајќи ја важноста на промените во иднина, но и охрабрувајќи ги младите студенти да се пронајдат во новото време, исполнето со промени. Проректорот за настава и студенти, исто така, ја сподели успешната приказна на УГД во справувањето со предизвиците во реализацијата на зацртаните цели и задачи во време на пандемија, токму преку успешното усвојување на технологијата во наставниот процес, како прв универзитет во нашата земја што успешно ја имплементира алатката Microsoft Teams.

Деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, преку своето излагање на тема „Импликациите на четвртата индустриска револуција врз образованието“, даде осврт на интеграцијата на дигиталната технологија, комбинацијата на блокчеjн со IoT, како и отворените онлајн курсеви кои во иднина ќе бидат активна замена и потреба на глобалниот пазар на труд. Токму ваквите образовни платформи ќе овозможуваат усвојување на глобалниот идентитет на студентот.

Продеканката за настава на Факултетот за туризам и бизнис логистика, доц. д-р Наташа Митева, даде осврт на темата „Новото време, мојот факултет и јас“ поддржувајќи го целиот процес на промена и потенцирајќи дека образовниот систем треба да создаде нови можности со кои ќе се подготват студентите за иднината. Проблемот на иднината нема да биде невработеноста, туку недостатокот на вештини кои новите работни позиции ќе ги бараат. Токму тука се воспоставува врската со едукативниот процес и образовните институции. Истакнувајќи го фактот дека промената нема да чека на нас, укажува на важноста да бидеме проактивни во усовршувањето и преквалификацијата на студентите за секој да има корист од новото време.

Во третиот дел со свој труд се претстави организаторот на Меѓународниот вебинар, Славица Ристовска, која ја потенцираше потребата од програми и проекти, со цел прифаќање на промените како предности и напредок. Почесни гости на Меѓународниот вебинар беа студенти од Хрватска (Паола Грбеша и Ивана Ласич од Факултетот за менаџмент во туризам и угостителство), Словенија (Драган Спасовски од Факултетот за информатика), Србија (Марта Соколовиќ од Факултетот за медицински науки) и од Македонија (Бојана Невеселова од Факултетот за туризам и бизнис логистика и Ангела Петровска од Факултетот за економски науки при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј" –Скопје). Се претставија со свои трудови и ја објаснија својата замисла за себе, својата кариера и пронаоѓањето на себеси во иднината исполнета со технолошко-општествени промени предизвикани од четвртата индустриска револуција.

Последен пат изменето на Вторник, 02 Ноември 2021 10:57
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…