Студентка од УГД со иновација во областа на алтернативната медицина

Студентката Билјана Велјановска од Факултетот за медицински науки неодамна го доби бронзениот медал за иновација во областа на алтернативната медицина. Билјана се претстави на саемот „Технома“ во Скопје во рамките на којшто имаше дел за иновации и патенти.

Се претставив со маст за лекување на егзема со екстракт од ајдучка трева, а исто така го претставив и лосионот што се користи паралелно со маста за да се подобри ефектот.вели Билјана Велјановска

Таа студира на Факултетот за медицински науки при УГД, на студиската програма Фармација.  Билјана Велјановска вели дека професорите и асистентите ѝ се од голема помош и ја поддржуваат. Таа и во иднина планира да работи на свои иновации од областа на алтернативната медицина.

Последен пат изменето на Четврток, 22 Октомври 2015 14:38
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…