Студентите од Филмската академија на снимањето на францускиот филм „А Фонд“

Студентите од Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип присуствуваа на снимањето на францускиот филм „А Фонд“ во режија на  Никола Бенаму. За време на филмскиот сет во Градско (Велес), студентите имаа ретка можност да видат дел од процесот на подготовка и снимање на филмот и да се запознаат со македонската екипа која работи на францускиот „А Фонд“.

Филмот кој пред речиси два месецa започна да се снима во Скопје е акциска комедија која ги следи доживувањата на едно француско семејство кое тргнало на летен одмор, но возилото им се расипало на автопат и не може да сопре бидејќи останува без сопирачки.

Од Македонија во снимањето на филмот се вклучени 180 статисти и над 280 возачи за сцените со метеж од автомобили. Француската екипа, пак, за потребите на филмот донесе соодветна опрема и четири возила во кои е вградена најсовремена технологија за снимање на терен.

Студентите на Филмската академија беа презадоволни од ова несекојдневно искуство, а од Академијата најавуваат дека ваквите практични искуства за студентите се од големо значење и дека во наредниот месец студентите ќе учествуваат уште на две филмски снимања, на краток игран филм во Скопје и на долгометражен игран филм во Струмица.

Последен пат изменето на Вторник, 20 Октомври 2015 15:57
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…