Премиера на „Последниот Македонец - патот до истребување”

Во четврток (12 ноември) со почеток во 20 часот премиерно ќе биде прикажан новиот македонски играно-документарен филм „Последниот Македонец - патот до истребување” во режија на Илија Пиперковски.

Проекциите ќе продолжат во петок и во сабота (13 и 14 ноември), а билетите по цена од 100 денари ќе можат да се купат во книжарницата на Економски факултет секој работен ден од 9 до 16 часот и еден час пред почетокот на проекциите.

„Последниот Македонец - патот до истребување” ја имаше својата македонска премиера во рамки на 36. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“ и финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Филмот отвора низа прашања поврзани со македонската историја во периодот од 1913 година, а според продуцентот Снежана Лупевска-Созен, филмот треба да нѐ потсети дека не треба да дозволиме историјата да ни се повтори.

Главните улоги во филмот ги играат Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски, Петар Горко, Валентина Грамосли, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Филип Трајковиќ, Жарко Димовски, Александар Степанулески и др.

Сценариото го напиша Александар Кукулев, кинематографер е Дејан Димески, монтажата е на Данчо Стефков, а како продуцент се јавува Снежана Лупевска-Созен.

Последен пат изменето на Понеделник, 09 Ноември 2015 15:45
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…