„Три дена во септември“ на УГД

Најновото македонско филмско остварување доаѓа во Штип. Филмот „Три дена во септември“ ќе се прикажува во Мултимедијалниот центар на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Овој филм е психолошки трилер, во кој двата главни женски лика преку меѓусебен однос ги разоткриваат своите тајни и трауми. Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава Јана која патува кон куќата од нејзиното детство, сместена во изолиран планински крај. Тоа е совршено засолниште за Марика, сѐ додека не се појави локалниот полицаец Генц, кој ќе поттикне сомнеж за вистинските намери нa двете жени.

Улогите ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

Сценариото го напишаа Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, Александар Пејовски е композитор на оригиналната музика, монтажа - Владимир Павловски, дизајн на звук - Игор Поповски, сценограф е Снежана Поњавиќ-Муча, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, шминка на Симона Ристевска. Продуцент на филмот е Томи Салковски.

Проекциите се закажани за 18, 19 и 20 ноември со почеток во 20 часот.
Билетите по цена од 100 денари се во продажба во книжарницата на Економски факултет секој работен ден од 8.30 до 16 часот, како и еден час пред секоја проекција.

Последен пат изменето на Понеделник, 16 Ноември 2015 15:01
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…