Проекција на документарни филмови на студентите од Филмска академија

Во четврток (10 декември) со почеток во 19 часот ќе се одржи премиерна проекција на документарните филмови на студентите на Филмска режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески.

Публиката ќе може да ги погледне филмовите:

- „Овца во чашка“ –  Ѓорѓи Лазов;

- „Јана Нарајана“ – Тања Симоновска;

- „Ниту за жалење, ниту за живот“ – Александра Донева;

- „Писмо“ – Викторија Витанова.

Се работи за испитни филмови од вториот семестар на студентите од Филмската академија. Покрај студентите на Филмска режија во реализацијата на документарните филмови беа вклучени и студентите на Филмска музика и Филмска продукција.

Филмовите ќе бидат прикажани во Мултимедијалниот центар на УГД, а влезот е бесплатен.

Проекцијата на студентските филмови е една од низата активности со кои УГД ќе го одбележи Денот на македонските студенти.

Последен пат изменето на Среда, 09 Декември 2015 11:46
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…