Приказ на предметите според таг: nauka

Факултетот за туризам и бизнис логистика е домаќин на вебинар „Влијанието на ковид-19 врз економските движења: можности за инвестирање или време на поголема претпазливост?", кој ќе се одржи на 5.3.2021 од 11:30 до 13 часот, каде што ќе се анализира влијанието на ковид-19 врз економијата, можностите за инвестирање, пазарите на капитал.

        За таа цел панелистите ќе дискутираат за научените лекции од неодамнешните нарушувања кај глобалната економија, во финансискиот сектор, пазарите на капитал, ќе ги идентификуваат истражувањата направени за справување во такви ситуации, ќе укажат како да се ублажат економските влијанија од овие нарушувања преку утврдување на состојбата во нашата земја и изгледите за подобрување на меѓународно ниво.   

       Македонската економија и во 2021 година ќе биде условена од збир на меѓусебно поврзани случувања. Прво, тоа ќе биде под влијание на континуираното влијание на пандемијата и одговорот на економските мерки преземени во 2020 и 2021 година. Второ, тоа ќе зависи од пошироката економска стратегија на Владата - нејзината операционализација и можните ефекти врз економската реалност. Трето, таа ќе биде силно поврзана со глобалните, европските и регионалните економски трендови во 2021 година.

        Затоа се очекува значаен одраз врз светската економија од страна на коронавирусот. Инвеститорите на светските берзи од почетокот на годината се обидуваат да ги проценат импликациите на оваа пандемија врз компаниите кои котираат на светските берзи. Соодветно на тоа, светските индекси забележаа значајни падови. Тоа значи дека цените на акциите на компаниите кои се дел од светските индекси се значајно пониски од нивото на кое беа на почетокот на годината.

    На вебинарот се предвидени излагања на следниве учесници:

  • проф. д-р Мишко Џидров, проректор за наука и студенти, Универзитет „Гоце Делчев” – Штип;
  • проф. д-р Зоран Колев, заменик-директор на сектор за Комерцијално банкарство – ТТК Банка АД Скопје и надворешен комисионер во Комисија за хартии од вредност, РС Македонија
  • „2020 - Година на пандемија со COVID-19 и нејзино влијание врз берзанските случувања”;
  • м-р Лазе Камчев, главен извршен директор на Генерали инвестментс АД Скопје, РС Македонија
  • „Влијанието на Ковид-кризата врз пазарите на капитал”;
  • проф. д-р Глигор Бишев, претседател на Управен одбор на Шпаркасе банка, РС Македонија
  • „Кривата на принос на хартиите од вредност”;
  • проф. д-р Татјана Бошков, декан на Факултет за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев” – Штип
  • „Динамиката на економскиот раст и финансискиот сектор во време на ковид-19: подобри изгледи за инвестирање или стратегии за спас?”
  • Овој вебинар е прв од серијата предвидени на различни теми, кои ќе се организираат во наредниот период.
Објавено во Наука

 Прв отворен повик за Крос-домен експерименти за трансфер на технологија (CTTE)

Објавено во Наука

По покана на претседателот на Советот на докторско образование на Европската асоцијација на универзитети (EUA-CDE), проф. д-р Ленче Милошева од Факултетот за медицински науки учествуваше на 2021 EUA-CDE Тематска работилница како предавач, со презентирање на тема „EUA-CDE Заедница за дигитално ментално здравје“.

Програмата на работилницата беше поделена во два главни работни дела. Во едниот дел вебинарите беа достапни за сите поддржувачи на докторското образование и вториот дел со неколку онлајн сесии резервирани само за членовите на Советот за докторско образование, во кој беше и презентацијата на проф. д-р Ленче Милошева за дигиталното ментално здравје и успешните искуствата на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип од докторското образование. Презентацијата од предавањето и програмата можат да се видат на следниве линкови:

https://eua.eu/events.html?task=euaevents.downloadDoc&id=3055

https://eua.eu/events/140-2021-eua-cde-thematic-workshop.html

На 2021 Тематска работилница на Советот за докторско образование – Европска асоцијација на универзитети (EUA-CDE): Вештачка интелигенција, менаџирање со податоци и дигиталниот свет на докторското образование членовите на заедницата на EUA-CDE од повеќе од 260 европски универзитети се состанаа за да дискутираат за важни прашања поврзани со дигитализацијата од перспектива на докторското образование. Главниот фокус на овој настан беше на улогата на докторското образование во контекстот на овие рапидни технолошки и концептуални промени, како дигиталната технологија влијае на докторските школи и на кој начин тие можат ефикасно да ја искористат. Беа дискутирани потребите на докторандите за нов тренинг и нови вештини, вклучително и грижата за нивното ментално здравје и личен развој и беше понуден форум на размена на рефлексии и добри практики. Овој настан понуди можност членовите на Советот на докторско образование и поддржувачите во ова поле да ги дискутираат овие прашања и да идентификуваат иновативни решенија.

Објавено во Наука

На 17.12.2020, на Правниот факултет се одржа промотивниот настан во рамките на Жан Моне Проектот: ЕУ Е-здравствено право и Северна Македонија: Од тековна практика до имплементација.

Објавено во Наука

Професорот Рубин Гулабоски и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип за првпат се најдоа на листата на највлијателни научници на  Универзитетот Стенфорд во САД.

Објавено во Наука
Страница 1 од 69

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…