Приказ на предметите според таг: nauka

Факултетот за образовни науки ги промовираше прирачниците „Математика низ игра, збор и разговор“  за деца од 2 до 4 години и „Математика низ игра, збор и разговор“ за деца од 4 до 6 години од авторките Елизабета Симоновска, Магдалена Стојанова, Јасминка Кукушева, Катица Трајкова, Цветанка Наковска, проф. д-р Снежана Мирасчиева и проф. д-р Снежана Јованова-Митковска.

Објавено во Наука

Се одржа промотивен настан во рамките на Проектот „Жан Моне“ – „ЕУ е-здравствено право и Северна Македонија: од тековна пракса до имплементација". Настанот се реализираше хибридно во просториите на Правниот факултет и преку MS Teams, a го отвори проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров. 

На настанот се промовираа проектната идеја, целите, активностите и досегашните истражувања од членовите на проектниот тим:  проф. д-р Кристина Мишева и проф. д-р Марија Амовска од Правниот факултет, проф. д-р Андреј Петров од Факултет за медицински науки и м-р Ристе Тимовски. Воедно им беа доделени сертификати на учесниците на курсот: ЕУ е- здравствено право, ИКТ и Биоетика за академската 2020/2021 година.

Објавено во Наука

Во рамките на проектот МАПС, вчера се одржа Меѓународната конференција од областа на миграцијата и азилот насловена како „Outsourcing and Cooperation with Third Countries – Deconstructing the Formal and the Informal in Migration and Asylum Policies“.

Конференцијата jа отворија проректорот за настава и студенти, проф. д-р Мишко Џидров, амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри, и претставникот на УНХЦР за Република Северна Македонија, Моника Сандри.

- Универзитетите се исклучително важни за овие прашања кои се актуелни овој период. Нивниот придонес може да биде многу значаен во насока на истражувањата и теориите кои можат да се постават за миграциите. Ова е прва конкретна соработка, но се надеваме дека во иднина ќе имаме повеќе заеднички соработки - изјави Моника Сандри од УНХЦР.

На конференцијата се дискутираа прашања поврзани со екстернализација и меѓународна соработка со трети земји во делот на миграцијата и азилот, разгледани низ призмата на академското и теориското истражување, како и низ призмата на праксата и чинителите, директно поврзани со теренската работа.

Од Правен факултет учествуваа проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, проф. д-р Олга Кошевалиска, доц. д-р Елена Максимова, доц. д-р Милица Шутова и проф. д-р Жанета Попоска.

Исто така, на конференцијата беше прикажана изложба на дела и на постери од студентите на Ликовната академија при УГД – Штип под раководство на проф. д-р Јана Јакимовска, но и на други ликовни уметници кои соработувале со невладини партнери, и беше прикажан студентски новинарски текст за ситуацијата во Авганистан од страна на студентката Ивана Митева од студиската програма Новинарство.

- На конференцијата ќе учествуваат и колеги од нашите партнерски универзитети и тоа: Violeta Moreno – Lax од Queen Mary University of London; Lilian Haquin Saenz, Ester del Nonno и Mehtap Kurguysuz Akbay од University Jean Mounlin Lyon 3; Gemma Andreone од National Research Council, ISGI – Rome; Maria Gavouneli од National & Kapodistrian University of Athens; Maja Savic Bojanič од Sarajevo School of Science and Technology; Александар Димовски, специјалист и тренер за човекови права; Gabriela Oanta од University of „A Coruña“; Cristina Bunea од УНХЦР во Република Северна Македонија; Ирена Здравкова од Здружение на млади правници; Вања Лазаридис од ИОМ – Скопје; Мерсиха Смаиловиќ од НВО Легис и Giuseppe Cataldi од University of Naples „Orientale“ - изјави проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска.

Конференцијата се одржа хибридно, односно дел од учесниците беа онлајн, а дел со физичко присуство во просториите на судницата на Правниот факултет во Штип. Во продолжение изјавите од претставничките на УНХЦР и на УГД.

 

Објавено во Наука

Од 13 до 15 септември 2021 год. се одржа Годишната конференција на Советот на докторско образование - Европска aсоцијација на универзитети. Проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за медицински науки, активно учествуваше на конференцијата претставувајќи го Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Темата на конференцијата оваа година беше „Подготвување на докторското образование за постпандемискиот свет“. Преку пленарни и фокус групни онлајн сесии од различен вид, вклучително и можности за интерактивно учество, оваа конференција им понуди на претставниците од универзитети од пет континенти да споделат заедно идеи и добра пракса од своите институции за иднината на докторското образование, исправено пред предизвиците на актуелната Ковид-19 пандемија и криза.

Одржаната конференција беше најглобално ориентирана од сите досега одржани: сесиите со учесници од пет континенти укажаа на важноста на глобалната димензија на докторското образование и потребата и неопходноста да работиме сите заедно на профилирање на докторското образование и подготвување за иднината.

Пленарните предавачи и учесници дискутираа за теми како што се: соработката во докторското образование, нови вештини кои се неопходни и академскиот и личен развој на докторандите и млади истражувачи, важноста на академската слобода и влијанието на пандемијата врз докторското образование глобално.

Пандемијата имаше значајно влијание и ефекти и врз докторското образование во светот. Додека некои од ефектите беа слични, исто така постојат и разлики кои се поврзани со националните и регионалните контексти. Овие сличности, разлики и идеи за понатамошен развој на докторското образование беа дискутирани на отворањето и почетокот на конференцијата.       

Друг важен елемент беше првата јавна презентација и дискусија за резултатите од спроведеното истражување 2021 EUA-CDE за тековниот развој на докторското образование во услови на пандемија. Учесниците имаа можност да се запознаат со резултатите и да ги дискутираат со своите колеги преку виртуелни фокус групи. Добиените нови резултати од сите групни дискусии ќе бидат вклучени во финалниот извештај на истражувањето.

Уште една новина оваа година беше искреираната виртуелна платформа за настанот која им понуди на учесниците можности за нови академски контакти и поврзувања и вклучувања во веќе постоечките научноистражувачки мрежи, како и виртуелни интерактивни можности надвор од формалниот дел на настанот.

Објавено во Наука

Успешно завршија двата дена во рамките на Конференцијата со наслов „Економски и социјални импликации од ковид-19, предизвици и предлози за надминување”, во организација на Економскиот факултет при УГД. Конференцијата со своите поздравни говори ја отворија проректорот за настава, проф. д-р Мишко Џидров, деканката на Економски факултет, проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска, како и продеканката за настава на Економски факултет, проф. д-р Емилија Митева-Кацарски. Учесниците на првиот ден, како од земјава така и од странство, со своите научни трудови дадоа свој придонес преку анализа на предизвиците со кои денес е соочен светот поради глобалната пандемија, како и на политиките и стратегиите кои треба да бидат преземени во насока на стабилизирање на економијата, додека пак на вториот ден претставниците на институциите (Народна банка, Стопанска комора, Институт на овластени ревизори, Македонска агенција за задолжителни нафтени резерви), како и од бизнис секторот, ги споделија своите искуства во врска со импликациите на глобалната пандемија врз нивното работење.




Објавено во Наука
Страница 2 од 72

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…