Приказ на предметите според таг: stipendii

Дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска организираат дводневна бесплатна Работилница за дизајн размислување (DESIGN THINKING) во рамките на проектот Дизајн предизвик (DESIGN CHALLENGE).

„Дизајн размислување“ односно „DESIGN THINKING“ е пристап користен од страна на креативците низ цел свет, преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.

Шпаркасе банка Македонија АД Скопје ве поканува да ја реализирате вашата практична настава во нашите организациони делови:

  • Микрокредитирање;
  • Картично работење;
  • Кредитна и депозитна администрација;
  • Домашен и девизен платен промет;
  • Експозитури.

Меѓународната фондација Борис Трајковскиги поканува сите заинтересирани млади да се пријават на обуката „Човекови права“.

Дали сакате да го доживеете првото професионално искуство? Да научите како да извршувате интересни активности и притоа да докажете дека можете да се воодушевувате и ангажирате? ЕВН Македонија им нуди можност за извршување на практикантска работа на средношколците и студентите за време на летните месеци.

Понеделник, 09 Мај 2016 14:27

MOOC курсеви за англиски јазик

Американскиот Стејт департмент и Универзитетот во Пенсилванија нудат бесплатни онлајн курсеви под кратенката MOOC, кои се наменети за изучувачи на англискиот јазик за најразлични полиња. Овие курсеви се достапни преку платформата „Coursera“, платформа која соработува со врвни универзитети и организации ширум светот. Курсевите од секое поле се организираат двапати годишно и се со следниве теми:

Страница 4 од 9

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…