Приказ на предметите според таг: studenti
Летна школа за менаџмент во Германија
Меѓународната летна школа за менаџмент, која ќе се одржи во Хамбург од 18 до 29 јули 2016 година, е дизајнирана да ги тренира младите луѓе и студените за корпоративна етика, социјална одговорност и да стимулира дебата за актуелните предизвици. Ова е можност за сите студенти кои се на бизнис-администрација, економија, социологија и политички науки.
Можност за пракса во Холандската амбасада во Скопје
Холандската амбасада во Македонија бара студент или неодамна дипломирано лице за пракса во период од шест месеци (март-август 2016 г.). Лицето за пракса ќе работи во полето на политички и правни истражувања и ќе асистира при имплементација на активности од полето на правото и политиката.
Дванаесет студенти од УГД заминуваат на Еразмус размена
Дванаесет студенти од Факултетот за информатика, Факултетот за медицински науки, Електротехничкиот факултет, Филолошкиот факултет и Правниот факултет ќе бидат дел од Еразмус плус размената на некои универзитети во Европа. УГД и овој семестар им овозможува на студентите едно поинакво едукативно опкружување и можност да го искусат образованието во европските универзитети.
Бесплатен курс за фотоновинарство
Американското катче во Штип организира бесплатен курс за фотоновинарство. Сите заинтересирани можат да се пријават и да се стекнат со знаење за фотоновинарството и да слушнат искуство од Ејми Ли, новинарка која неколку години се занимава со ова.
Младите немаат храброст и доволно информации да ја реализираат својата бизнис-идеја
Младите треба почесто да се одлучуваат за отворање на свој бизнис. Потребни им се информации за да се охрабрат и да сфатат дека има ризици и поволности. Ова беа дел од поентите на денешната работилница наменета за млади занаетчии и потенцијални бизнисмени.