Сабота, Ноември 23 2024
Следете нè

Амбасадорката на Романија во Република Северна Македонија го посети УГД

Амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте оствари средба со Ректорот на УГД и дел од професорскиот кадар. Во кабинетот на ректорот амбасадорката Аксинте се интересираше за условите и можностите кои ги нуди универзитетот, а беа презентирани и можностите за соработка меѓу двете институции.

Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев ја истакна отвореноста на Универзитетот за можна соработка во однос на студиските програми, развој на нови студиски програми и можност за студентска размена.

Соработката меѓу двете институции може да се согледа најмногу преку Филолошкиот факултет и Техничко технолошкиот факултет. На средбата присутни беа претставници и од Техничко техничкиот факултет.

Стана збор и за соработка на ниво на Министерства на двете држави, а и можноста за заедничка соработка на проект меѓу двете држави.