Петок, Март 29 2024
Следете нè

Универзитетот доделува финансиска помош за погодените делови во Република Турција

На денешната седница на Универзитетскиот сенат беа донесени неколку одлуки во насока да им се помогне на луѓето погодени од катастрофалниот земјотрес во Турција. Донесена е Одлука во координација со Амбасадата на Република Турција, УГД да одвои 500.000 денари хуманитарна помош.

Паричната хуманитарна помош ќе биде во висина од 500.000 денари и ќе се додели во координација со Амбасадата на Република Турција, директно на Државната агенција за управување со кризи и итни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција, се вели во Одлуката од Универзитетскиот сенат.

Покрај ова, УГД донесе Одлука и за продолжување на сесијата за студентите од Република Турција.

Согласно со актуелните катастрофални настани што се случија во Р. Турција, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ќе им излезе во пресрет на странските студенти, така што ќе се продолжи испитната сесија за студентите од Р. Турција до 30.3.2023 година, во која ќе важат сите пријави од февруарската испитна сесија кои не се реализирани, се вели во Одлуката од Универзитетскиот сенат.

Воедно, денес Универзитетскиот сенат го промени и распоредот за подготвителна настава на македонски и на англиски јазик за странски студенти, со цел да им излезе во пресрет на бројните студенти од Турција кои студираат на УГД.

Согласно со актуелните катастрофални настани што се случија во Р. Турција, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ќе им излезе во пресрет на странските студенти, така што ќе се одложи почетокот на настава до 20.2.2023 година за сите групи.

Наставата ќе започне и ќе се одвива онлајн од 20.2.2023 до 20.3.2023 година, а потоа ќе се продолжи со физичко присуство.

Наставата со физичко присуство ќе се продолжи во јуни онолку колку што треба (една или две недели). Испитните рокови ќе се приспособат со новите рокови, така што ќе биде изготвен нов календар за оваа група студенти, се вели во оваа Одлука.