Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и ...
Повеќе од 50 студенти од различни факултети при УГД и 10 ...
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе ...
Илија Ивановски е првиот студентски правобранител на ...
Средба за добредојде организираше Одделението за меѓународна ...
Програмата за праксa на германскиот бизнис им овозможува на ...

Приказ на предметите според таг: umetnost

На 17 ноември 2021 г. во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложбата „Трансценденција“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од 15 скулпторски дела од галериски формат, создадени со примена на техника на заварување на метал. Скопската публика изложбата ќе може да ја посети до 30 ноември.

Низ призмата на оваа изложба на скулпторот Слободан Милошески скопската публика има можност уште еднаш да види иновативна скулптура која се карактеризира со две особини: начинот на кој се користи материјалот (во овој случај станува збор за метал) и концептот на артикулирање идеи кои се од доменот на духовното.

Општопознато е дека металните скулптури се појавуваат во најстариот период на човечката цивилизација (статуетки, фигурини, тотеми) и тие имаат свој развој до монументалните споменици на современиот свет. Во сите овие фази металот има свои технологии на обработка – од целосно соголување на површината (поради елиминација на сите производи од корозија), преку користење на абразивни техники, како што се пескарење или минирање со микромонисти, па сѐ до хемиско соголување и електрохемиска редукција. Ваквите процедури, во својата завршница, произведуваат патина или полирана површина, секоја со свои специфичности и намени. Патините се ценети поради естетската убавина и му даваат автентичност на предметот. Поради тоа, класичните скулптури од историјата на уметност се обработени според оваа процедура.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Објавено во Уметност

Џез одделот на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип преку настапот на професорот Сашо Поповски вторпат ќе биде дел од еден од најголемите европски настани посветен на џез индустријата.

Објавено во Уметност

Џез музичарот Федерико Пасучи одржа мастер клас пред студентите на Музичката академија при УГД. Тој е љубител на балканската музика, а на Универзитетот „Гоце Делчев“ е по покана на деканот Тони Китановски.

Објавено во Уметност

На 15 октомври 2021 г. во 19.30 часот во ликовниот салон на ДЛУБ во Битола ќе биде отворена изложбата „Интерактивни рефлексии“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од скулпторски дела од галериски формат, создадени со примена на  техника на заварување на метал. Битолската публика изложбата ќе може да ја погледне до 22 октомври.

Објавено во Уметност

Професорот Горанчо Ангелов од Музичката академија при УГД учествуваше на  Музичко-научна манифестација „Струшка музичка есен“, во организација на Сојузот на композиторите на Македонија.

Генерална тема на 45. конференција, која првпат се одржала во 1975 година, беше Состојби и перспективи во македонската музичка култура. На конференцијата учествуваа истакнати композитори, професори и истражувачи кои се претставија со свои трудови, резултат на нивните истражувања фокусирани на различни сегменти во музичката култура, од традицијата до современата музика во РС Македонија.  Професорот Ангелов се претстави со темата „Фестивалите за изворен фолклор - чувари на старата музичка и игроорна традиција“. Конференцијата се одржа од 17 до 19 септември 2021 год. во Хотел „Дрим“ во Струга. 

Професорот Ангелов учествуваше и на научната конференција „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“, во организација на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје и Општина Струмица, која се одржа во Хотел „Сириус“ во Струмица, 27-28 август 2021 год.,  со темата „Зурлаџиската традиција во Струмичко во 21 век“.

Ангелов учествуваше на уште една научна конференција насловена „Фолклорот во минатото и денес-2“, која се одржа во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп  на 3 јули 2021 год. Се претстави со темата „Љубен Јуртоски, изработувач на народни музички инструменти од Прилеп“. Оваа научна манифестација се одржа во рамките на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, кој се одржува во Прилеп и Долнени.

Објавено во Уметност
Страница 1 од 39

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…