Петок, Април 19 2024
Следете нè

Вработените, студентите на УГД и средношколците избраа ново лого и слоган на Универзитетот

Вработените и студентите на Универзитет „Гоце Делчев“, како и средношколците, избраа ново лого и слоган на Универзитетот. Процесот на избор беше во рамките на проектот „Изработка на веб-стратегија и редизајн на порталот на Универзитетот ‛Гоце Делчев‛ – Штип“. Во анонимното гласање, во кое еден учесник во анкетата можеше да гласа само еднаш, учествуваа 1321 лице, поделени во три групи – вработени, студенти и средношколци.
   
Од двете предложени решенија за ново лого на УГД, првото, победничко, доби 766 гласови или 58 %. Сите целни групи со повеќе гласови (над 55 %) беа за ова решение.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com

За нов слоган имаше девет понудени решенија, а најмногу гласови доби слоганот „Избери мудро, делувај храбро“  (Choose wisely, act boldly).

Слоганот е избран со вкупно 315 освоени гласови.

Овој слоган е прв избор на студентите, прв избор и на средношколците со значително изразена преференција во однос на другите слогани и трет избор на вработените.

Ова е прво редизајнирање на логото и слоганот на Универзитет „Гоце Делчев“ со решенија кои ги одразуваат промените кои ги носи времето, но и духот кој го имаат студентите и младите во денешно време. Крајот на гласањето и објавувањето на резултатите симболични се совпадна со 4 февруари, денот на кој е роден македонскиот револуционер Гоце Делчев, чие име го носи Универзитетот.