Четврток, Април 25 2024
Следете нè

Џејсон Стејнхауер, експерт за медиумска писменост одржа предавање пред студентите на Правниот факултет и на ФОН

Џејсон Стејнхауер, соработник во Центарот „Вилсон“ и експерт за медиумска писменост, одржа предавање пред студентите на Правен факултет и Факултет за образовни науки (ФОН).

Стејнхауер е глобален соработник во Центарот „Вилсон“ каде што развива иновативни пристапи за градење отпорност против политички мотивираните манипулации на историските извештаи.

Пред студентите тој говореше за својата книга „Историја, нарушена: Како социјалните медиуми и светската мрежа го променија минатото“, и за тоа како дошол до идеја за ја напише, но и да говори за медиумската писменост. Во одреден период тој работел во Музејот на холокаустот во Њујорк.

Во текот на мојот живот се прашував како луѓето дознаваат и учат за историјата. Во Музејот знаев дека за историјата се учи и од книгите, од она што е изложено во библиотеките. Работев и во Библиотеката на Конгресот, која е богата со книги, артефакти. Но, пред пет-шест години се случи невиден бум на социјални мрежи и луѓето масовно почнаа да учат за сѐ, па и за историјата, од социјалните мрежи, односно од паметните телефони. Тоа ми беше предизвик за да ја напишам оваа книга. Еве за пример, некоја книга ќе се продаде во максимум 1000 примероци, а има видеа на социјалните мрежи, кои говорат за историјата, а ги виделе 10, 20, 30 милиони луѓе“ – рече Стејнхауер пред студентите.

Стејнхауер зборуваше за напорите на малигните групи и државните актери, вклучително и Русија, да ја препишуваат историјата за да ги продолжат нивните кампањи за пропаганда и дезинформација. Како автор на книгата „Историја, нарушена: Како социјалните медиуми и светската мрежа го променија минатото“ е признаен за воспоставување на полето на историската комуникација.