Четврток, Април 25 2024
Следете нè

(Видео) Премиерот најави нови инвестиции во лабораториите на Универзитетот „Гоце Делчев“

Премиерот на Република С. Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за образование, Јетон Шакири, денес го посетија Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и направија увид во новата опрема во Лабораторијата за животна и работна средина „Амбикон“. Тие остварија средба со ректорот проф. д-р Дејан Мираковски, со претходниот ректор проф. д-р Блажо Боев, професорите на Факултетот за природни и технички науки, но и со сите декани на факултетите на УГД.

Денес ми е чест да го промовираме новиот дел од лабораторијата „Амбикон“, кој е дефиниран како истражувачка група за напредни анализи на аеросоли. Имавме можност да ја презентираме опремата во вкупна вредност од 24 милиони денари од кои 17 милиони се обезбедени од Министерството за образование и наука и 7 милиони од сопствени средства на Универзитет „Гоце Делчев“. Се работи за опрема од најнови генерации на електронски сканинг микроскоп, каскадни импактори и други уреди. Генерално фокусирана на подобра анализа и детекција на аеросолите или популарно наречени суспендирани честички, кои имаат влијание на здравјето на луѓето со можност да ги детектираме изворите и негативните влијанија. Освен тоа, лабораторијата е поставена широко и овозможува истражувања и во многу други струки, како што се медицина и фармација - истакна ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.

Министерот за образование и наука, Јетон Шакири, истакна дека Министерството е задоволно од реализираната инвестиција и дека е започнат процес на интензивни инвестиции во науката и образованието.

Денес во оваа посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ ги гледам резултатите од поддршката за модернизација и развој на лабораториите. Да се овозможат напредни истражувања во истовремени кризни услови е предизвик, но е и факт со кој сме горди. Конкретно, на Факултетот за природни и технички науки при УГД инвестиравме во еден од најголемите проекти во вкупна вредност од 24 милиони денари, каде што значаен придонес даде и Универзитетот - истакна министерот Шакири.

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, истакна дека на оваа средба денес е разговарано и за дополнителни вложувања и модернизирање на оваа лабораторија со тоа што Лабораторијата „Амбикон“ може да стане лидер, не само во регионот, туку и пошироко во Европа.

Со новата опрема, Лабораторијата „Амбикон“ се осовременува и надополнува, а со тоа ѝ се зголемуваат нејзините можности и опсегот на мерењата за кои е специјализирана, што е уште една предност, покрај тоа што ќе нуди збогатување на знаењата на студентите и општата јавност.
Инвестирањето во Лабораторијата „Амбикон“ не е само вложување во опрема.  Многупати досега сум зборувал на темата образование и секогаш кога зборувам на оваа тема зборувам со голема доза на ентузијазам, бидејќи верувам дека вложувањето во образованието е и вложување во иднината. Оваа лабораторија има можности и за надградување, веќе разговаравме и со ректорот и со професорот Боев во однос на можностите за финансирање или идно надградување во иднина ќе направиме с
ѐ за нејзината опременост да се зголеми и со тоа да се прошири опсегот на квантитативните и квалитативните истражувања кои може да ги прави во други области кои исто така ќе ја зголемат можноста, но и престижот и на лабораторијата и на факултетот и на целиот Универзитет и на нашата држава - истакна премиерот

По посетата на Кампус 2, делегацијата од Владата имаше средба со сите декани на факултетите каде што се разговараше и за можностите кои ги имаат и другите факултети и можностите за развој на целиот Универзитет. 

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com