Четврток, Април 18 2024
Следете нè

УГД со поддршка за женското претприемништво

Ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, денес потпиша Декларација за поддршка и соработка со Националната платформа за женско претприемништво. Координаторката во Националната платформа за женско претприемништво, Ирена Мирчовска, истакна дека овој документ е почетна точка од каде што се можни измени во позитивна насока за женското претприемништво.

- Добивме дозвола за вклучување на темата женско претприемништво во рамките на образовните програми на ниво на Универзитет. Еден од сегментите на кој сакаме да работиме годинава се токму младите - истакна Мирчовска.

Средбата се одржа денес во Ректоратот на УГД, а двете организации се заложија за работа на заеднички проекти со цел да се подобри состојбата со жените претприемачки.