Дуо „Грациозо” и Александра Трајкова ја претставија Р.Македонија во Мароко

Музичкото дуо „Грациозо“ по третпат настапи во Мароко и ја претстави Р. Македонија на музички фестивал на кој учествуваа уметници од целиот свет. Станува збор за концерт кој неодамна се одржа во Мароко, во рамките на фестивалот „M`DIQ MOSAIQUE".

Ова беше прво издание на фестивалот, во чии рамки учествуваа уметници, групи, танчери и игроорци од целиот свет. Имаше учесници од Шпанија, Италија, Бугарија, Гвинеjа-Бисао, Англија, Македонија и други. 

Фестивалот беше под покровителство на гувернерот на M`Dique, Rincon, а меѓу почесните гости на настапите беше и една од принцезите на кралството Мароко, како и гувернери, министри и многу други значајни личности од економската, културната и музичката фела. 

Дуо „Грациозо“ (д-р Невенка Дуковска - пијано, вработена на УГД и м-р Кристина Палија - сопран) по третпат ја претстави Р. Македонија на сцените низ Мароко, а овој пат се здобија и со плакета, врачена лично од гувернерот, за нивниот придонес во развојот и збогатувањето на музичката култура, а секако и придонес во меѓународната соработка меѓу овие земји. Гостин во програмата беше и м-р Александра Трајкова (пијано), професорка во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ - Штип, чиј настап исто така беше проследен со неверојатни овации од срдечната и многубројна  публика.

Последен пат изменето на Петок, 11 Мај 2018 14:45
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…