Васил Хаџиманов промовиран во почесен доктор на науки

Познатиот уметник Васил Хаџиманов во текот на одбележувањето на 12 години Универзитет „Гоце Делчев“ го доби признанието почесен доктор на науки на УГД (Professor Honoris Causa).

Васил Хаџиманов веќе долги години е визитинг професор на Музичката академија при УГД.

- Ова е голема чест и голема одговорност за мене. Благодарам на Универзитетот и особено на деканот на Музичката академија, м-р Тони Китановски, без кого ова не би било. Доста долго сум визитинг професор на Академијата и немам намера да престанам со своето делување - изјави на доделувањето на признанието професорот Васил Хаџиманов.

Васил Хаџиманов е познат музичар, композитор и пијанист. Се занимава со џез и етно музика и е основач на Васил Хаџиманов бенд. Син е на познатиот Зафир Хаџиманов. Дипломирал како стипендист на Универзитетот Беркли во САД, а некое време настапувал и со познати музичари во Њујорк. Има соработувано со музичари како Дејвид Гилмор и Крис Чик. Во текот на својата кариера правел музика и за познати филмови и ТВ серии. На Универзитетот „Гоце Делчев“ е ангажиран како предавач на Одделот за џез музика при Музичката академија.

Последен пат изменето на Четврток, 28 Март 2019 15:23
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…