НИКОЛА СМИЛКОВ ОСВОИ ГРАН ПРИ НА БИЕНАЛЕТО ВО БУДВА МЕЃУ 78 УМЕТНИЦИ ОД 20 ЗЕМЈИ

Во конкуренција на 78 уметници од 20 земји, скулпторот Никола Смилков, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ ја освои Гран при наградата на петтото Биенале во Будва.

„Ова, всушност, е признание од уметниците од цел свет кои учествуваа на Биеналето. Тие, но и посебното меѓународно жири, оцениле дека моето дело треба да ја добие Гран при наградата во една ваква силна конкуренција“, изјави проф. Смилков.

Тој се претстави со вајарско дело на бронзена човечка фигура, која има релаксирачки став, со јасен поглед кон светот како место во кое треба да владее мир и да биде поле на културна соработка. Домаќините го поканиле проф.

Смилков следната година да одржи своја самостојна изложба во Будва. Пред Биеналето во Будва, Смилков се претстави во Сплит со самостојна изложба, каде што неговите 15 скулптури во мермер и бронза предизвикале исто така големо внимание.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…