Волшебниот амбиент на Македониумот збогатен со уметничките дела од УГД

Технолошко – техничкиот факултет ликовната академија и катедрата за Архитектура и дизајн со заедничка изложба и моден перформанс учествуваа на Научно културните средби "ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА" 2021.

Цртежи и проекти беа претставени од Лиовната академија и катедрата за архитектура и дизајн, а Технолошко техничкиот факултет уште еднаш ја покажа креативноста, со еден несекојдневен моден перформанс, изложба на модни фотографии и видео приказна која посетителите ја гледаа на видео бим поставен покрај самата сцена.

Посебен ефект на целиот настан му даде амбиентот во кој се одржа -  Македониумот во Кушево, кој блесна во едно ново, магично и уметничко светло. Спојот на историјата и современите дизајни даде една спектакуларна и магична нота која ги воведе посетителите во едно несекојдневно сценско и видео доживување. На видео бим беше презентирано видеото насловено како "Пандемизам" - емотивна приказна инспирирана од Пандемијата. Видео приказната побуди длабоки емоции кај публиката и беше наградена со голем аплауз и воодушевување.

Организацијата на 10 дена крушевска изрази задоволство од ваквото презентирање на уметнички дела, со најава дека ваквото уметничко и модно претставување на студентите при УГД ќе стане традиција и ќе биде неизоставен дел од програмата секоја наредна година.

Ментори на студентите на овој настан беа доцент д-р Сања Ристески од ТТФ, ред. проф. д-р Катерина Деспот и проф. м-р Јана Јакимовска од Ликовната Академија и ред. проф. д-р Васка Сандева од катедрата за архитектура и дизајн.

Последен пат изменето на Среда, 11 Август 2021 13:14
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…