Златка Митева и Наташа Трбојевиќ - професорки на Музичката академија со целовечерни концерти во Истанбул и во Скопје

Златка Митева на флејта и Наташа Трбојевиќ на пијано, и двете професорки на Музичката академија во Штип, минатата недела одржаа два целовечерни концерти во Истанбул (Р Турција) и во Скопје.

Концертот во Истанбул се одржа во новоотворениот Културно-информативен центар во Истанбул. Концертот, на кој беше присутна и висока делегација на Генералниот конзулат на РС Македонија во Истанбул, беше проследен од истанбулската публика со голем интерес и внимание.

На 26 септември 2021 година Наташа Трбојевиќ и Златка Митева се претставија со целовечерен концерт  „Музика за флејта и пијано од македонски композитори", во рамки на „Вечер на лауреати“ на Фестивалот „Денови на македонска музика“, во организација на СОКОМ во Музеј на македонската борба во Скопје. Многубројната публика ја награди нивната изведба со бурен аплауз и со овации.

 

Последен пат изменето на Четврток, 07 Октомври 2021 15:31
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…