Музичар од Италија одржа мастер клас за студентите на Музичката академија

Џез музичарот Федерико Пасучи одржа мастер клас пред студентите на Музичката академија при УГД. Тој е љубител на балканската музика, а на Универзитетот „Гоце Делчев“ е по покана на деканот Тони Китановски.

- Ова ми е трет пат како доаѓам во Македонија. Музиката тука е многу интересна, јас генерално сум љубител и истражувач на музиката од Балканот. Има добра музика, а тука сум одржал и неколку концерти - вели Федерико.

Тој на Музичката академија мастер класот го одржа заедно со професорот Гоце Мицанов. Пред студентите претставија карактеристики на традиционалната музика на Балканот преку џез варијанти. Целосниот разговор со Федерико погледнете го во интервјуто во продолжение.

 

Последен пат изменето на Петок, 22 Октомври 2021 09:31
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…