Џез работилница и концерт на реномираните Михаљ Дреш и Миклош Лукач во Мултимедијалниот центар на УГД

Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во соработка со „Balassi Iunstitute“ и Лекторат по унгарски јазик – Скопје организира џез работилница предводена од реномираните унгарски џез музичари Михаљ Дреш и Миклош Лукач.

Работилницата ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД, во среда (11 ноември) со почеток во 12 часот и е наменета за студентите од Одделот за џез на Музичката академија, но ќе биде отворена и за јавноста и сите заинтересирани ќе можат да ја следат.

Љубителите на џез музиката ќе имаат можност да го проследат и концертниот настап на овие извонредни музичари закажан истиот ден со почеток во 20 часот во Мултимедијалниот центар.

Михаљ Дреш е еден од водечките саксофонисти и џез музичари на актуелната унгарска сцена. Неговата автентичност во музиката произлегува од умешноста со која комбинира примеси на американски фри џез стил и традиционална унгарска фолк музика. Од оваа комбинација Дреш има направено неверојатно добри парчиња на модерна музика и има настапувано на реномирани џез фестивали низ светот, вклучувајќи го реномираниот Лондонски џез фестивал.

Миклош Лукаш е еден од најпознатите изведувачи на цимбал. Неговиот уникатен стил црпи инспирација од современата класична музика, изворната унгарска музика, како и музиката од Балканот и секако од џезот. Има настапувано со многу светски познати џез музичари, а како солист има настапувано и со повеќе врвни оркестри. Успехот на Лукаш е и како активен композитор на музика за претстави, оркестри, соло парчиња и концерти за цимбал.

Последен пат изменето на Петок, 06 Ноември 2015 12:16
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…