Единственото љубовно писмо на Пол Сезан

Кога човек не се жали... тој ја наплаќа својата надворешна смиреност со речиси неподнослива внатрешна битка“, напиша англиската новелистка и поет Шарлот Бронте во нејзините преубави љубовни писма полни со невозвратени емоции.

Една генерација подоцна, во 1885 г., одличниот француски сликар Пол Сезан го објави своето внатрешно оплакување преку неговото единствено љубовно писмо кое може да се најде во книгата „Писмата на Пол Сезан“, напишана од бугарскиот писател Алекс Данчев. Ова писмо е бесценет тестамент за врската помеѓу фрустрациите и задоволството во љубовта. 

На 46-годишна возраст, Сезан очајно се заљуби во жена чиј идентитет, слично како примачот на единственото љубовно писмо на Бетовен, останува мистерија.        

На врвот од интензивната заслепеност, тој напишал едно продорно писмо на позадината на негова слика. Таму Сезан пишува: „Те видов и ти ми дозволи да те бакнам, од тој момент немам мир поради длабок немир. Ти ќе ја простиш слободата која вознемирената душа си ја зема за да ти пише. Не знам како да ти ја опишам таа слобода која за тебе може да биде преубава, но како да останам угнетуван од оваа потиштеност? Нели е подобро да ја изразам емоцијата отколку да ја прикривам? Зошто, се прашувам, да бидам тивок за моето измачување?  Зарем не е ослободување да му дозволиш на измачувањето да се изрази? И, ако физичката болка може да најде некое ослободување во болните солзи, нели е неприродно, госпоѓо, тоа психолошко страдање да здивне во исповед направена кон објектот на обожавање?  Речиси разбирам дека ова писмо, пратено непромислено и прерано, може да се разбере како невнимателно, нема да каже ништо повеќе од добрината на...“ (Фрагмент од единственото љубовно писмо на Пол Сезан)

Извор: http://brainpickings.org 

Последен пат изменето на Четврток, 12 Ноември 2015 10:10
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…