Приказ на предметите според таг: tehnologija
(Видео) Бонсаи дрвца што лебдат
Јапонската компанија во зародиш „Хошинчу“ креираше лебдечки бонсаи дрвца кои ја користат науката. Овие дрвца се направени со помош на магнети кои меѓусебно се одбиваат и така предизвикуваат ова прекрасно дрвце да стои во воздух и да изгледа така прекрасно како што изгледа. Производот го нарекле „воздушен бонсаи“, а преку интернет собираат пари за да можат да го пуштат во масовно производство. Целта им е да соберат 80.000 долари, а досега од оние што им се допаднала оваа идеја собрале преку 630.000 долари.
Каде најмногу, а каде најмалку се користи интернет
Агенцијата „We Are Social“ ги објави резултатите од истражувањето кое покажува кои земји во светот се лидери во поврзаност со интернет и користење на социјални мрежи.
(ВИДЕО) Превозно средство на иднината - дрон кој лета, плива и нурка
Дрон што оди на површината на водата, под водата, но и во воздухот е новиот робот кој е измислен во Универзитетот „Рутгерс“ во САД. Станува збор за прв уред од ваков тип кој има можност да плива во водата, но и да нурка и да лета.
Супербрз 5Г интернет ќе стигнува од дронови на соларна енергија
Гугл веќе е во фаза на тестирање на дронови кои ќе продуцираат екстрабрз интернет од 5Г. Станува збор за интернет кој би бил и до 40 пати побрз од најбрзиот безжичен сервис во светот. Проектот кој се држел во тајност е наречен „Skybender“.
Електронските уреди имаат сериозен ефект врз сонот
„Откривме дека природниот биолошки час во човечкото тело може да биде прекинат од јака светлина, уште наречена и сина светлина, која се емитува од електронските уреди“, вели Ан Мари Шанг, доктор по невронаука.