Понеделник, Мај 6 2024
Следете нè

Фармацевтите од Факултетот за медицински науки со Симпозиум со меѓународно учество го одбележаа Светскиот ден на фармацевтите

        Факултетот за медицински науки на УГД, насока Фармација, во пресрет на денешниот Светски ден на фармацевтите, одржа прв Симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата. Симпозиумот се одржа во сабота, на 23 септември 2023 г., во просториите на Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На отворањето се обрати ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, а Симпозиумот го отвори деканката на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Милка Здравковска. На отворањето на Симпозиумот присуствуваа повеќе претставници на фармацевтската фела, како претседателката на Фармацевтската комора на РС Македонија, спец. Весна Ставрова, заменик-директорот на МАЛМЕД, м-р Роберт Бекировски, директорката на сектор Фармација при ФЗО, м-р Кристина Христовска, претставници и учесници од Фармацевтски факултет во Скопје и студиската програма Фармација при Факултетот за медицински науки на Универзитетот во Тетово.

        Проф. д-р Катарина Смилков, раководител на студиската програма Фармација, која е организатор на овој Симпозиум, истакна дека Симпозиумот на тема „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“ се организира во пресрет на Светскиот ден на фармацевтите, 25 септември, а истиот има за цел да го зголеми диверзитетот во делот на континуираната едукација на фармацевтите во нашата држава.

       Позитивната атмосфера и коментарите од учесниците, плодните дискусии и предавањата кои предизвикаа голем интерес, размената на идеи со можности за нови идни соработки, се причина повеќе во иднина одржувањето на овој Симпозиум да добие традиционален карактер.

                                                 

 

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com