Понеделник, Мај 6 2024
Следете нè

Договор за соработка меѓу ФОН и основно училиште во Љубљана

Факултетот за образовни науки при УГД и  Основното училиште „Хинко Смрекар“ во Љубљана, Република Словенија, потпишаа меѓусебен Договор за соработка. Договорите ги потпишаа деканката на Факултетот проф. д-р Емилија Петрова-Ѓоргева и директорот на училиштето м-р Игорчо Ангелов.


Предмет на овој Договор претставува воспоставување на соработка помеѓу двете институции во сферата на образованието, научноистражувачката и апликативна дејност, како и утврдување на формите и начинот на соработка меѓу кои:

  • студиски престои на дел од кадарот во рамките на другата институција; 
  • држење предавања и меѓусебни обуки;
  • заедничко или самостојно организирање и земање учество со свои трудови, презентации, конференции, конгреси, работилници и други форми на научноистражувачка работа; 
  • заедничко учество и активности во рамките на „Еразмус“ и др. проекти;  
  • објавување на трудови во списанието „Воспитание“.

     Договорот се потпиша вчера во просториите на Факултетот за образовни науки, а моментот се искористи да се разменат информации и да се изврши посета на Факултетот.