Отворен повик за учество во УГД лига во футсал

Универзитетскиот спортски и културен центар организира УГД лига во футсал, на која може да учествуваат редовни и вонредни студенти од сите циклуси на студии и вработени на УГД. Организацијата на лигата во футсал е традиционална организација на спортски натпревари во рамките на одбележувањето на патрониот празник на УГД. 
 Во продолжение се информациите за настанот: 

  • Пријавување: до 17 април 2023 година преку регистрација на линк. Линкот го пополнува едно лице од тимот - лице за контакт со екипата.
    Линк за пријава: https://forms.office.com/e/061r3wVpVt
  • Период на реализација на натпреварите: по Велигденските празници. Точните термини ќе бидат дополнително истакнати по утврдување на бројот на пријавени екипи. 
  • Место на реализација: отворено игралиште во Спортската сала „Јордан Мијалков“.
  • Награди: обезбедени од Универзитетски спортски и културен центар.