IV студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“

Почитувани,
Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип на 9 ноември ќе биде организатор и домаќин на IV студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“.
Конференцијата е наменета за студентите, за споделување на идеи, искуства, дел од нивно истражување и можност за отворена соработка со агробизнис секторот.
Ги покануваме сите заинтересирани студенти и млади истражувачи во областа на земјоделството и животната средина да се пријават за учество на конференцијата.
Заинтересираните потребно е да достават електронска порака за интерес за учество на конференцијата со пополнет формулар на e-пошта: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., најдоцна до 1.11.2023 г.
Формуларот за пријава на следниот ЛИНК: Формулар за регистрација(.docx)