Сабота, Април 27 2024
Следете нè

Инфо сесија за програмата Еразмус плус

Во петок, 22 септември 2023 година, Одделението за меѓународна соработка на УГД организира Инфо сесија за сите заинтересирани за учество во оваа програма. Инфо сесијата ќе се одржи во свечената сала на Кампус 2 на УГД, со почеток во 11 часот.

Конкурсот за Еразмус+ мобилности за студии и пракса (https://www.ugd.edu.mk/index.php/studenti/soopshtenija/748-konkurs-erazmus) веќе е објавен и во него можат да се најдат сите потребни информации за начинот на аплицирање, но Информативната сесија е сепак уште една одлична можност за да се добијат дополнителни информации за можностите кои ги нуди оваа програма.

Вашето присуство може да го резервирате на следниов линк: https://shorturl.at/hyGM4