Сабота, Април 27 2024
Следете нè

Студентите на Катедрата за македонски јазик и книжевност ослободени од партиципација за време на целото студирањепартиципација за време на целото студирање

Сите активни редовни студенти запишани во прв циклус студии на студиската програма Македонски јазик  и книжевност на Филолошки факултет во учебната 2023/2024 година ќе бидат ослободени од плаќање партиципација.
Оваа Одлука ја донесе Наставно-научниот совет на Филолошки факултет при УГД. Целосното ослободување од партиципација за сите четири години од студирањето за студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност запишани во академската 2023/2024 г. е вистинска поддршка за негување и почитување на македонскиот јазик.

                „Финансиските средства за ослободување од плаќање партиципација на сите активни редовни студени во прв циклус студии на студиската програма Македонски јазик и книжевност во учебната 2023/2024 година од прва до четврта година на студии се обезбедени согласно со Одлука донесена од Институтот за јазици на Филолошкиот факултет при Универзитет ‛Гоце Делчев‛ во Штип“, стои во Одлуката на Филолошкиот факултет.
Со овој гест Филолошкиот факулет во Штип дава свој придонес во одржување на континуитетот во изучувањето и афирмирањето на македонскиот јазик и македонската книжевност.