Германската стопанска комора организира настан за вмрежување на компаниите со младите и студентите

Германската стопанска комора организира настан за вмрежување помеѓу македонски и германски/и останати странски компании, како и поддршка на програми за професионално усовршување на млади лица со цел да стекнат квалитетна пракса/обука и да станат квалитетен кадар за пазарот на трудот.

Овој настан е наречен SUBEX – Suppliers Balkan Expo и ќе се одржи на 25 и 26 октомври 2023 година во Хотел „DoubleTree by Hilton“ - Скопје.

Настанот ќе биде од интерес и за студентите, бидејќи вториот ден (26 октомври) е посветен на поврзување на фирмите со младите, студентите. Тие ќе можат да се информираат какви можности за дообразование постојат, на што треба да посветат поголемо внимание при барањето работа, како и да учествуваат на работилници организирани од Гете Институтот. Делот кој би бил од најголема полза за студентите и младите професионалци е на 26 октомври 2023 г., од 13:30 до 17:00 часот.

Инаку, првиот ден ќе биде посветен само на фирмите и деловните контакти помеѓу нив. За таа цел, планирани се 3 панел-дискусии на темите:

10:30 – 11:30 часот - Panel 1 - Opportunities and challenges of nearshoring in Western Balkans

11:30 – 12:30 часот - Panel 2 - Supply chain and requirements of sustainability

13:30 – 14:30 часот - Panel 3 - Digital transformation for sustainable development

Од 13:00 до 17:00 часот паралелно ќе се одржуваат B2B средбите со физичко присуство.

Во текот на целиот ден ќе се одржува саем на кој ќе учествуваат фирми од земјава и од странство.

Настанот ќе се одржи во Хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје.

 

Пријава за Subex, 26 октомври

Линкови за пријава