Мојот пат до успехот со УГД - Тина Петрова

Име и презиме: Тина Петрова

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, завршен прв циклус на студии – Биологија, запишан втор циклус на студии на студиска програма Фитомедицина.
Тековна професија: Дипломиран професор по биологија.
Место на вработување: По завршувањето на дипломските студии се вработив како наставник во ООУ „Славчо Стојменски“ во Виница. Денес сум дел од поголем стручен тим и сум во редовен работен однос.
Животно мото: Трудољубивоста, редовноста, трпеливоста и скромноста секогаш даваат позитивен резултат на патот кон успехот и остварување на зацртаните цели во животот.
Позиција на која работам денес: Наставник по предметот Биологија во основно училиште, каде што имам можност да ги пренесам моите знаења на моите ученици и  редовен студент на втор циклус студии во областа на заштита на растенијата, со желба за потемелно проучување, набљудување и испитување на светот на микроорганизмите кои се повеќе присутни во растителниот свет.  Се разбира изборот за мојата кариерна надградба е единствено Земјоделски факултет при УГД Штип, каде што сметам дека ќе ги остварам мојата желба и научни планови.
Мојот рецепт за успех се состои од: Максимална посветеност на работата, интерес за истражување и откривање на микросветот.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Како штотуку дипломиран наставник сметам дека успешно го применувам стекнатото знаење, но патот до успехот е долг и сѐ уште со голем труд ги искачувам погорните скалила за достигнување на моите цели и закитување со вредни сознанија од областа на фитомедицината.
Со УГД се дружев: 4 години прв циклус, плус 2 години втор циклус на студии.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што:  По стекнатите знаења и умешности од областа на биологијата, мојата желба за надградба на истите беше моето образование да го продолжам во областа на фитомедицината. Мојот избор за магистерски студии без размислување беше Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, затоа што сметав дека таму најдобро ќе ги реализирам моите цели, во што секогаш и успевам со поддршка од најпосветените професори.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Професионалност, достапност, стекнување поголема самодоверба, желба и волја за истражување, правилно и навремено насочување на вистинскиот пат, селекција и избор на усовршување во насока спрема квалитетот на секој поединец. Најважно од сѐ, Универзитетот и Факултет со секогаш свежи, нови идеи, вклучување на студентите во нивна реализација, како и развој во чекор со промените и потребите на младите. Едноставно место кое ќе остави траен белег на најубавиот период од вашиот живот, а воедно ќе ви помогне да се оформите како личност.   
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Студирањето на Земјоделскиот факултет ми отвори нова врати кон научни истражувања и надградување на моите знаења во областа на фитофармацијата. Под менторство на проф. д-р Емилија Арсов, експерименталнот дел на мојот магистерски труд го работев во научноистражувачкиот центар УНИЛАБ на Земјоделски факултет - УГД - Штип и така дојдов до предвидените резултати.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:  За време на студирањето имав прекрасна соработка и огромна поддршка од целиот колектив на факултетот. Пријателски однос на професорите, професионалност и споделување на знаењето, искуството и праксата од страна на професорскиот тим, отвореност и достапност на инфраструктурните ресурси, расположливост на лабораториски капацитети, можности за практична работа во научноистражувачкиот центар УНИЛАБ на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Комфорна зона каде секој ентузијаст може својата идеја да ја претвори во реализација.
Совет за младите како идни студенти: Никогаш не отстапувајте од вашите соништа, работете со многу љубов и труд, не се обесхрабрувајте доколку имате неуспеси во работата и секогаш самоуверено чекорите кон успехот.