Повик за волонтери за учество во камп за деца

Извидничкиот одред „Еквинокс“ има Отворен повик за волонтери кои би учествувале во настан што го организираат. Настанот е викенд во природа, се организира со дечиња од Основното училиште „Димитар Влахов“, а ќе се одржи во сабота и во недела (25-26.3.2023 година).
Децата ќе имаат можност да искусат кампување во природа и да научат повеќе за извидништвото.
Организаторите на настанот имаат потреба од волонтери кои би помогнале во организацијата на целиот настан, а во исто време ќе се стекнат и со вредно искуство.
Заинтересираните да се пријават на е-адресата This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

повеќе информации за настанот(.pdf)