Четврток, Мај 9 2024
Следете нè

Студенти од чешка на пракса во УНИЛАБ лабораторијата на Земјоделски факултет

Во рамките на ЕРАЗМУС договорот за соработка помеѓу Земјоделскиот факултет и Хемиското училиште во Пардубице, Република Чешка, продолжува изборот на УНИЛАБ лабораторијата за пракса на студентите.

Група од четворица студенти ќе бидат на пракса во лабораторијата, во периодот од март до јуни оваа година.

Благодарение на тимот и одличната соработка на вработените во УНИЛАБ, студентите ќе изведуваат практична лабораториска работа, но воедно и директно ќе бидат ангажирани во изведување на лабораториски анализи во УНИЛАБ лабораторија. Во понатамошниот тек од престојот, студентите ќе имаат комбинирано и теренска настава и посета на винарии, велат од Унилаб. 

Ова е четврта група на студенти кои доаѓаат на практична настава во УНИЛАБ лабораторијата, на подолг студиски престој.

Соработката на лабораторијата ќе продолжи и понатаму како за кратки така и за долги студиски престои.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com