Студенти на Земјоделски факултет учествуваа на работилница од проектот ИДЕАС

 Студенти од Земјоделски факултет од Наставниот центар Струмица учествуваа на работилница во рамки на проектот ИДЕАС финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција - Северна Македонија.
Нашите студенти заедно со младите потенцијални претприемачи од Југоисточниот регион имаа можност да се запознаат со можностите и начините за креирање нови и профитабилни бизниси.
 Учество на работилници, настани, конференции се дополнителни активности од кои студентите имаат можност да ги прошират своите знаења.