Четврток, Мај 2 2024
Следете нè

Мојот пат кон успехот со УГД – Марија Грујоска

Име и презиме: Марија Грујоска

Факултет и студиска насока: Факултет за природни и технички науки, насока Рударство.

Тековна професија: Дипломиран инженер по минерална технологија.

Место на вработување: Раководител на смена, во Приватна фабрика за преработка и обработка на мермер и гранит „КРИН КГ“ - Прилеп.

Животно мото: Патот до врвот никогаш не е лесен, но погледот од таму е поубав.

Позиција на која работам денес: Раководител на смена, во приватна фабрика за преработка и обработка на мермер и гранит „КРИН КГ“ - Прилеп.

Мојот рецепт за успех се состои од: Посветеност, трудољубивост, одговорност, сериозност кон работата и обврските.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Соработка со останатите колеги и воспоставување на одлична комуникација.

Со УГД се дружев 4 години.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Инженерите во рударството се дефицитарен кадар. Можноста за полесно добивање на работна позиција беше клучна алатка во изборот.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Предноста да се студира на УГД е богата програма  со  насоки, на кои студентите би имале можност за напредок, одлична комуникација со професорите, стручен и квалитетен кадар.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Приватни фабрики за преработка на мермер и гранит и рудник „Сивец“ – Прилеп.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: За развој на успешна кариера најмногу ми помогна соработката со професорите, достапноста на стручни материјали и секако поддршката од моето семејство.

Книга или настан од студентските денови кој засекогаш ќе го паметам: Присуство на стручно советување „ПОДЕКС-ПОВЕКС 2019“ и доделување на Инженерски прстен 2021.

Мудрост споделена од професор/ка на предавања која ми остави најголем впечаток во животот: Во текот на студирањето најголем впечаток ми остави исказот на професор: „Вие како инженери ќе бидете двигатели на општеството и економијата“.

Совет за младите како идни студенти: Борете се за вашиот успех и напредок.

За повеќе информации за можностите кои ги нуди УГД посетете ја нашата веб-страница: https://www.ugd.edu.mk/index.php

Повеќе успешни приказни од студентите на УГД може да најдете на следниов линк:

https://life.ugd.edu.mk/index.php/studenti

Детални информации за студиската насока и факултетот се достапни на следниов линк: https://fptn.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021-2022/rudarstvo-strukturna.pdf

Едукативни и информативни колумни од нашите професори може да најдете на следниов линк: https://life.ugd.edu.mk/index.php/nauka