Сабота, Април 27 2024
Следете нè

Дојди на Кожуф, запознај го Регионот со ФТБЛ

Туризмот и планинарењето се меѓусебно поврзани и комплементарни, давајќи многу позитивен придонес кон туристичкиот имиџ на дестинацијата домаќин.

За таа цел, на 9 јуни 2023 г., Факултетот за туризам и бизнис логистика по третпат, во соработка со Општина Гевгелија и Планинарско-спортскиот клуб „Двете уши“, организираа планинарска тура „Дојди на Кожуф, запознај го Регионот со ФТБЛ!“. Настанот беше поддржан и од УСКЦ при УГД.

Оваа година Факултетот за туризам и бизнис логистика заедно со вработени и студенти на УГД и планинарите, го искачија највисокиот врв на планината Кожуф – Зелен Брег.

Зелен Брег (2172 m) е највисок врв на планината Кожуф. Се наоѓа во средишниот дел на планината, југоисточно од с. Конопиште (Кавадаречко). Врвот Зелен Брег е заоблен, лесно пристапен и покриен со високопланински пасишта. Кон југ се протега одличен и восхитувачки панорамски видик кон острите ограноци на Кожуф и кон Солунско Поле.

Незаборавно искуство, дружење, истражување на националното наследство на планината Кожуф, географски и биодиверзитет, природни и културни локалитети на планината Кожуф.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com