Сабота, Мај 11 2024
Следете нè

Студентите на Правен факултет се запознаа со пресуди од областа на договорното право

Во рамките на соработката на Правниот факултет при УГД со институциите од областа на правото и определбата на студентите да им се понудат што е можно повеќе контакти и искуства од практичниот дел се одржа средба со судијката од Основниот суд во Штип, Мери Гичева.

Денес на Правен факултет имаме чест да гостува судијката Мери Гичева од Основниот суд во Штип. Во суштина не станува збор за нешто нетипично за Правен факултет, веќе на една традиционална основа неколку години по основањето Правниот факултет настојува да внесе практична димензија во сите предавања.

Да дадеме акцент на вежбите и практикувањето на правото во овој фонд на часови. Секогаш имаме експерт од пракса кој ќе даде додадена вредност на наставата. Во рамките на договорното право, студентите ќе имаат можност од судијката Мери Гичева да слушнат неколку пресуди,кои генерално се компатибилни на теоретскиот дел што ние гои покриваме во наставата – делот за закуп, за осигурување, непочитување на договорни одредби.Сметам дека е големо искуство за студентите, тие ја сакаат праксата, за многу кратко време по дипломирањето тие ќе дојдат во допир со институциите кои ја спроведуваат таа пракса, така што и покрај тоа што ние настојуваме во теоретскиот дел да внесеме практична димензија, сепак сметаме дека експертот од пракса ќе даде додадена вредност на ова – изјави проф. д-р Борка Тушевска од Правен факултет.