Недела, Мај 12 2024
Следете нè

Проф. д-р Дејан Мираковски е нов ректор на Универзитет „Гоце Делчев“

Проф. д-р Дејан Мираковски победи на изборите кои се организираа за нов ректор на Универзитет „Гоце Делчев“. Професорите од наставно-научните совети на сите факултети во рамките на УГД гласаа денес во периодот од 12 до 14 часот.

Според првичните, неофицијални, информации од сите изброени гласови проф. д-р Дејан Мираковски има освоено 769,8 поени, проф. д-р Винета Сребренкоска 543,1 поени, проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска 508,12 поени, проф. д-р Зоран Панов 477,64 поени, проф. д-р Владо Гичев 291,52 поени и проф. д-р Татјана Пачемска 209,41 поени.

Според моделот на избор гласовите од факултетите се претвораат во поени кои подоцна им се додаваат на кандидатите и оној кој освоил најмногу поени е избран за ректор.

Новиот ректор има мандат од три години.

Кликнете на следниот линк да ја преземете програмата на проф. д-р Дејан Мираковски: Програмата.