Четврток, Мај 2 2024
Следете нè

Студенти и вработени на планинарење од „Михајлово“ до „Голубац“, во чест на 16 години УГД

Спортскиот и културен центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со организација на планинарска тура се вклучи во активностите за одбележување на 16 години постоење на УГД. Тоа, всушност, беше и заокружување на серијата настани по повод патронатот на Универзитетот.  Планинарската тура се реализираше во недела на 2 април, а во нејзината организација, покрај УГД, учествуваа и Планинарското друштво „Лисец“ од Штип и Планинарското друштво од Кавадарци.

Планинарската тура се реализираше кај Кавадарци, со тргнување од Одморалиштето „Михајлово“  до Планинарскиот дом „Голубац“. Патеката беше избрана и приспособена за да можат да ја реализираат и релативно помалку подготвени рекреативци. Учествуваа над 50 студенти и вработени на УГД.

Спортскиот центар на УГД продолжува со активности во кои се вклучуваат студенти и вработени, следниот настан е Авицена женската трка, која ќе се одржи на 9 април.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com