Недела, Мај 12 2024
Следете нè

Планинарска тура Берово – соработка на Спортскиот центар на УГД и ДПС „Лисец“

Повеќе од 100 студенти и вработени на УГД учествуваа на планинарската тура во Берово, која се одржа на 30 октомври во организација на Универзитетскиот спортски и културен центар (УГД) и Друштвото за планинарски спортови „Лисец“ - Штип.

Студентите и вработените имаа можност да се дружат и да уживаат во убавините на Малешевскиот регион, на потегот Абланица - Беровско Езеро, надополнето со корисни информации и насоки за движење во планина. На планинарската тура учествуваа студенти од сите факултети на УГД, како и Еразмус студенти од Италија и од Чешка.

Турата е дел од програмата на Универзитетскиот спортски и културен центар и продолжување на успешната соработка со ДПС „Лисец“. Во претстојниот период  се планирани уште неколку планинарски тури, активности на отворено, како и учество на улични трки.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com