Сабота, Април 27 2024
Следете нè

Продлабочување на соработката помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот во Источно Сараево

На 13 септември 2023 г., во Ректоратот на Универзитетот во Источно Сараево се одржа состанок помеѓу ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски и ректорот на Универзитетот во Источно Сараево (Босна и Херцеговина), проф. д-р Милан Кулич.

На состанокот, ректорите на двата универзитети ја потврдија веќе постоечката соработка, обновувајќи го постоечкиот Меморандум за соработка којшто предвидува размена на студенти и академски кадар, заедничко учество во проекти, научни конференции и договори, како и соработка помеѓу студентските организации на универзитетите во областа на академските, културните и спортските активности. Освен тоа, во рамките на состанокот ректорите разговараа за активностите на двата универзитети од областа на наставата, науката и меѓународната соработка, во духот на постигнување поголема и подлабока како регионална така и европска интеграција.

На состанокот учествуваа и проректорката за наука, истражување и развој на Универзитетот во Источно Сараево, проф. д-р Јелена Крунич, проректорот за меѓународна соработка и обезбедување на квалитет, проф. д-р Марко Гутаљ, како и координаторката за меѓународна соработка од истоимениот универзитет.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com