Сабота, Април 27 2024
Следете нè

УГД најмасовно на најмасовниот Wizz Air Скопски маратон

УГД го забележа најмасовното учество на Wizz Air Скопски маратон – близу 50 студенти, професори и вработени на УГД трчаа на годинешното издание на најдобро организираниот маратон во Македонија. Изданието на Скопскиот маратон за 2023 година беше најмасовното досега – над 11.000 учесници ги претворија улиците на Скопје во река од тркачи.
УГД најмногу учесници имаше на трката на 5 километри – рекреативна и тим билдинг трка, карактеристична по тоа што на неа учествуваат екипи од многу компании, установи, институции. Карактеристично е што годинава во тимот на Универзитетот „Гоце Делчев“ доминираа дамите – над 30 беа претставнички на понежниот пол.
               На полумаратонот, трката на 21 километар, УГД имаше 7 претставници, а годинава за првпат имавме претставник и на маратонот, на 42 километри трчаше проф. д-р Мишко Џидров, кој успешно одговори на предизвикот да ја истрча најтешката тркачка дисциплина.
                 Најдобри времиња на 5 километри постигнаа Кире Главев – 21.28, Виктор Ефремов – 22.20 и Кристијан Панев – 23.15. Кај дамите, Цветанка Ристова Магловска истрча за 31 минута и 28 секунди. 
               Најбрз од УГД на 21 километар беше Дарко Темелковски, со време од 1.43.14, Стефан Мицков 1.49.33 и Никола Данилов – 1.51.45.