Три дена, од 11 до 14 јуни, Универзитетот „Гоце Делчев“ е ...
АД ЕЛЕМ во соработка со Факултетот за природни и технички науки
На 18 мај 2018 год. се одржа Mеѓународниот гастрономски фестивал
Правниот факултет трета година по ред организира денови на ...
11% од младите користат опојни дроги, и тоа повеќе припадниците
Сто студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе бидат дел од ...

УГД Живот

Студентите на Технолошко-технички факултет, под менторство на доц. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска, трета година по ред учествуваат на Хуманитарна модна ревија со детски модели во Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево, по повод празникот Св. Никола. Ревијата е во чест на најголемата музичка ѕвезда Тоше Проески. Тој секогаш на овој празник организираше хуманитарни концерти и им помагаше на оние кои најмногу имаа потреба од помош.

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од страна на  седум ректори на сите јавни универзитети во Република Македонија беше потпишана Декларацијата за универзитет без корупција. Со Декларацијата ректорите се обврзаа на спроведување на Законот за заштита на укажувачите и за генерална превенција на корупцијата на универзитетите.

Катедрата за германски јазик на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Центарот за странски јазици и судски преводи „Германика“ во Штип организираат Германска божиќна забава, со цел да се претстави дел од католичката традиција за божиќните празници.

Во НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип е отворена Изложба на факсимили од стари книги што се чуваат во Роднокрајното одделение „Ацо Шопов“, што е плод на соработката помеѓу Библиотеката и Филолошкиот факултет при УГД. Поводот за изложбата е двоен – 94 години од раѓањето на Ацо Шопов и Денот на градот, патронот на Штип  св. Никола.

Студентите, средношколците и сите граѓани ќе имаат простор каде што ќе можат одблизу да се запознаат со турската култура, традиција и литература. Турското катче, кое денес беше отворено во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“, е местото кое ќе им нуди големи можности на сите за подобра соработка и полесно изучување на турскиот јазик.

Правниот факултет, заедно со сите пет правни факултети во државава, одржа натревар по симулирано судење на кој покрај студентите беа присутни и судиите од Македонија, претставници на ОБСЕ и претставници на УГД.

Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, денеска пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ одржа предавање за борба против корупцијата.

Страница 10 од 61

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…