Недела, Мај 12 2024
Следете нè

Започнува нова серија концерти на Музичката академија

Музичката академија започнува со новата серија циклус концерти „Виртуозо", каде настапуваат студентите од вокално - инструменталниот оддел, џез одделот, одделот за етнокореологија и катедрата за народни инструменти при ТММП.

Концертите ќе се одржуваат во Концертната салата на Музичката академија а последниот концерт на платото пред Музеј на град Штип.

Со задоволство ги покануваме сите љубители на музиката да присуствуваат на концертите.