Четврток, Мај 2 2024
Следете нè

Глобалниот филмски фестивал за миграции ќе има свое претставување на Правен факултет на УГД

Глобалниот филмски фестивал за миграции (GMFF), кој е поддржан и е во организација на ИОМ, Меѓународната организација за миграции на Обединети нации, ќе го прикажува филмот „Dying for Europe“ на Правен факултет - УГД.

ИОМ го стартуваше Глобалниот филмски фестивал за миграции во 2016 година. Во 2019 година, GMFF веќе беше прикажан во 106 земји - официјалниот избор од 32 филма доведе до 600 филмски проекции, привлекувајќи глобална публика од над 40.000 луѓе.

ИОМ Северна Македонија започна со прославување на GMFF во 2017 година, каде што учествуваа учениците од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје, со што веќе наредната година соработката се прошири со неколку нови високообразовни институции.

Филмот ќе се прикажува во просториите на судницата на Правен факултет (УГД) на 19.12.2022 г. во 11 часот. По завршувањето на филмот е предвидена кратка дискусија со присутните.