Четврток, Мај 2 2024
Следете нè

Професори од Музичката академија со концерт во престижната барокна сала во Прага

На 14 март во концертната барокна сала на Конзерваториумот за музика „Јан Дејл“ во Прага, Република Чешка,  професорите од Музичка академија при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, проф. м-р Златка Митева, проф. м-р Наташа Трбојевиќ и проф. д-р Бранко Павловски, одржаа целовечерен концерт. На програмата беа интерпретирани дела од различни стилски епохи и македонски композитори.
На концертот покрај редовната публика присуствуваа и амбасадорот на Република Македонија, Н.Е.  г. Сашко Тодоровски и други државни претставници од дипломатски кор, како и претставници од Македонската заедница во Прага.
Покрај концертот, професорите иницираа соработка со Универзитетот за уметност и музика во Острава, Република Чешка.