Четврток, Мај 2 2024
Следете нè

Професорка од Турција одржа серија предавања на Музичката академија

Во рамките на програмата Erasmus+ гостин на Катедрата по флејта на Музичка aкадемија на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип  беше проф. Bahar Sariboga од Универзитетот Орду во Турција.

Во склоп на програмата, заедно со проф. м-р Златка Митева и нејзините студенти, разменија искуства, знаења и разговараа за поголема соработка помеѓу музичките академии.

Студентите на Музичката академија често се стекнуваат со меѓународни искуства преку гостување на еминентни уметници и професори од целиот свет.